Дали е можно да се заразите со ковид-19 при пробување облека во продавница?

Владите во светот и во земјава најавуваат постепено нормализирање на животот, но факт е дека животот нема да биде ист како пред пандемијата. Луѓето по сите информации кои ги добиваат за коронавирусот, логично веќе се прашуваат како по пандемијата ќе купуваат облека во бутиците и дали кога ќе ја пробуваат ќе можат да се заразат со коронавирусот?
Епидемиолозите велат дека досега не е пријавено пренесување на коронавирусот од текстил.
Хрватскиот епидемиолог Крунослав Чапак вели дека сепак трговците треба да размислат за побезбеден начин на продавање на облеката заради клиентите, односно да размислат гардеробата да ја продаваат исклучиво спакувана, а на потрошувачите да им се дозволи да ја пробаат дома.
– Каде што е можно да не се пробува облеката при купување, туку да се одбере соодветен број и да се земе дома и таму да се проба. Ако не одговара да се врати – вели Чапак.
Според него, ризикот е најголем кај облеката што се облекува преку главата бидејќи при пробувањето од неколку купувачи е можнo да се задржат капки со коронавирус на облеката.
Тој препорачува вратената стока да се остави настрана најмалку пет дена.
– Бидејќи вирусот не може да преживее подолги периоди надвор од живата ќелија, облеката која е пробана или вратена треба да биде ставена во специјално одредена просторија и таму да остане пет дена за да угине вирусот – вели Чапак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.