Дали е ова најдобрата диета на светот?

Дали некогаш сте слушнале за сканди сенс диета?
Дејли Мејл пишува дека една во 50 луѓе во Скандинавија во моментот е на оваа диеата, а нејзиниот автор, мајка на пет деца, тврди дека за 10 месеци изгубила 40 килограми.
Како функционира сканди сенс диетата?
Секој оброк се состои од четири порции, кои одговараат на големината на вашата рака, односно колку храна може да ставите во неа.
Две порции треба да имаат зеленчук.
Третата порција е со протеини, како јајца, риба или месо, а четвртата се јаглехидрати, што може да биде паста, интегрални житарки, но и овојшје.
Во секој оброк дозволено е да ставите една до три лажички масло или да се вклучи намирница како авокади или семки.
Доколку сакате десерт исклучите една порција јаглехидрати од оброкот, а ако за доручек не ви се јаде порција јаглехидрати, заменете ја со овошје или протеини.
Најважното е да имате балансиран оброк, а оваа диета можете да ја држите со недели, па дури и месеци.
Некои од можните дневни комбинации:
Доручек: Две јајца, печени брокули и тост од интегрални житарици
Ручек: Пилешка прса, авокадо, печен сладок компир, динстана тиквица и пиперка
Вечера: Лосос, кафеав грашок, морков и грав
Причината зошто оваа диета е толку успешна е што не е рестриктивна, и што е наменета за сите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.