Како изгледа кога 14 семафори поставени на еден столб регулираат сообраќај на расрсница знаат само Кинезите.
На една четирисмерна раскрсница во кинескиот град Чонгкинг, се наоѓаат 14 семафори на еден столб кои ги збунуваат сите наоколу од пешаците, возачите до туристите. Семафорот е поставен во мај минатата година и од тогаш стана предмет кој предизвикува конфузија во градот, пренесува порталот shanghaiist.com.
Сепак, гратските сообраќајни власти ги предупредуваат возачите дека семафорот поставен на раскрсницата е само украс, затоа што на него нема никаква сигнализација. “Тие изгледаат многу убаво навечер, но возачите треба да го игнорираат”-додава истиот извор.
Значи се работи за вид на инсталација, но секогаш се наоѓа и по некој возач, пешак или турист кој ја погледнува “шемата” од светла од кои ниедно нема смисла.
Во истиот град се наоѓаат и откаченати имитацијии на познати архитекти како и најголемата бања во светот. Како изгледа кога 14 семафори поставени на еден столб регулираат сообраќај на расрсница знаат само Кинезите.