Дали е ова уште еден факт дека Пригожин знаел се!? Од 29 април бил „The Walking Dead“ (ВИДЕО)

На социјалните мрежи е реемитувано видео кое паднатиот лидер на Вагнер го даде во април, а во кое вели „авионот ќе се распадне…“.

Да потсетиме, Евгениј Пригожин загина во средата кога авионот во кој се наоѓаше со уште девет лица, меѓу кои и самиот шеф на Вагнер, се урна во регионот Твер.

Дали е ова уште еден факт дека Пригожин знаел се!? Од 29 април бил „The Walking Dead“ (ВИДЕО)

Иако официјално се смета за случајност, критичарите на Кремљ воопшто не веруваат во тоа, бидејќи беше општо познато дека Пригожин беше наречен „мртовец што оди“ поради неуспешниот бунт и марш во Москва.

Затоа на социјалните мрежи повторно е објавено интервјуто со Пригожин кое се споделува со брзина на светлина.

Во видеото тој опишува авион кој паѓа од небото, што, според Newsweek, е застрашувачки ехо на неговата конечна смрт.

Додека некои, како советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашенко, го опишаа видеото како Пригожин да ја предвидува сопствената смрт, во вистинскиот контекст на видеото тој ја користи авионската несреќа како метафора за да ги опише растечките воени напори на Русија во Украина.

Како што пренесува „Џерусалим пост“, видеото на Пригожин е создадено на 29 април, а му било дадено на рускиот воен блогер Семјон Пегов. Во него, Пригожин го осуди рускиот одбранбен естаблишмент и предвиде катастрофа во Украина.

  • Денеска стигнавме до точката на вриење – рече Пригожин во интервјуто, а потоа продолжи:
  • Зошто зборувам толку искрено? Затоа што немам право, пред тие луѓе што ќе живеат во оваа држава. Сега ги лажат. Подобро да ме убиеш. Но, нема да лажам, морам искрено да кажам дека Русија е на работ на катастрофа. И ако овие брзини не се подесат денес, тогаш авионот ќе се распадне во воздухот…
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.