сабота, 28 ноември 2026
Најново

Дали знаете дека цигарата е штетна дури и откако ќе ја изгаснете во пепелникот?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Научниците од Националниот институт за технологија во САД открија дека отпушоците од цигарите се поопасни за здравјето на луѓето отколку што мислите поради високото ниво на никотин што се создава во воздухот уште долго време по гаснењето на цигарата.
Дали знаете дека цигарата е штетна дури и откако ќе ја изгаснете во пепелникот?
Според научниците, секој отпушок испушта речиси 15% од вкупниот никотин што се содржи во целата цигара, но иако повеќето хемикалии се испуштаат од изгасната цигара во првите 24 часа, откриено е дека нивото на никотин е штетно во рок од една недела по гаснењето на цигарата.
Овие откритија ги вознемирија и Австралијците, а Советот за рак на Квинсленд ги предупреди жителите за опасностите од веќе догорените цигари.


„Во Квинсленд, ние се стремиме да го забраниме пушењето на колку што е можно повеќе јавни места, особено затоа што луѓето не се свесни какво штетно влијание има пасивното пушење врз здравјето на луѓето“, изјави Крис Мекмилан, извршниот директор на Советот за рак на Квинсленд.
„Можеби мислите дека сте ги заштитиле вашите деца од чад ако не пушите во автомобилот кога тие се присутни, но доволно е штетно и само кога пепелникот во топол автомобил е полн со отпушоци од цигари кои испуштаат штетни хемикалии“, рече Мекмилан.
Научниците откриле дека отпушоците се поштетни кога времето е потопло. Ова значи дека ако не го испразните пепелникот во текот на една недела, количината никотин на којашто се изложени непушачите може да биде двојно поштетна.

Поврзани вести