Дали знаете како сексот влијае на работата? Запомнете добро

Ако ви треба дополнителна причина вечерва да се фатите под покривката, можеби ќе бидете мотивирани од ново истражување…Истражувањето спроведено на 159 брачни парови откри дека активниот сексуален живот го зголемува задоволството на работното место, пишува motto.time. Во една статија објавена во Journal of Management, се наведува дека паровите вклучени во истражувањето морале да пополнуваат прашалник за нивните сексуални активности и расположение секој ден во текот на две недели, пишува Research Gate.Откако ги анализирале нивните одговори, истражувачите откриле дека луѓето забележале дека биле многу подобро расположени откако имале секс претходниот ден, што резултирало со подобро расположение на работа.Исто така, луѓето кои се подобро расположени на работа нема да го носат стресот дома и да бидат мрзливи, што може да има многу негативно влијание врз сексуалниот живот на една личност. Се покажа дека сексот подеднакво влијае на расположението и на жените и на мажите.Резултатите од истражувањето треба да имаат позитивно влијание врз перцепцијата за важноста на здрав и активен сексуален живот. Но, додека газдите не воведат паузи за секс во работно време, што се размислува во еден шведски град, останува само да практикувате секс дома или каде и да сакате да го правите тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: