Дали знаете колку минути трае најкраткиот меѓународен лет?

Авио-линијата на „Аруба ерлајнс“ ги поврзува карипскиот остров Аруба и градот Пунто Фихо на северот од Венецуела. Овој лет трае само 8 минути и веќе е прогласен за најкраток во меѓународниот сообраќај.


“Аруба ерлајнс” за оваа кратка линија го избра авионот „Бомбардиер ЦРЈ200“, а најевтината карта чини околу 200 долари.
Пред повеќе од една година, беше згасната досегашната најкратка авио-линија, помеѓу Алтернхајн во Швајцарија и Фридрихшафен во јужна Германија поради слаб интерес од патниците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.