Постојат многу нешта кои можат да помогнат во побрзо заспивање – лекови, медитација, посебни вежби, масажа…
Но дури 62% од луѓето ја избираат музиката како средство за успивање. Постои и научно докажана причина зошто треба да го следите нивниот пример. Се разбира, нема да ве успие баш секоја песна и поради тоа мора да направите правилна селекција.
Звучните терапевти со бендот „Marconi Union“ направиле посебна песна која им помага на луѓето да се опуштат. Песната „Weightless“ има темпо од 60 битови во минута, а на самиот крај се спушта и до 50. Се зборува дека оваа песна опушта повеќе и од масажа.
Научниците ја тестирале песната „Weightless“, но и други релаксирачки песни.