Дали знаете што гинеколозите никако не смеат да прават за време на прегледот?

Гинеколошкиот преглед, дефинитивно не е на листата на најпријатни прегледи, ниту од физички, ниту од психички аспект. Многу жени тешко се опуштаат во таа ситуација, а понекогаш ситуацијата ја прави понепријатна самиот пристап на гинекологот.
Гинеколозите не би смееле…
1. …да ве осудуваат.
Разговорите со гинекологот се едни од најинтимните разговори во нашиот живот. Мора да бидеме искрени за време на прегледот, за да може полесно и побрзо да се открие причината за настанатиот здравствен проблем, но многи жени честопати не се искрени поради стравот дека нивниот гинеколог ќе ги осуди.
Имајте на ум дека ваша должност е да бидете искрени, а неговата е да биде професионален. Ниту во еден момент не смеат да ве осудуваат поради било каков детаљ од вашиот сексуален живот. Предвид доаѓаат само професионални совети кои можат да ви помогнат за подобро да го разберете најинтимниот дел од своето тело и да го сочувате здравјето.


2. …да ви наметнуваат лични верувања.
Тие се обврзани да го чуваат вашето здравје и да ви пружат медицинска нега. Не е во ред да зборуваат со вас за сопствените верувања и принципи во животот, односно што смеете, а што не смеете да правите. Запомнете дека вашето тело е само ваше.
3. … „погрдно“ да го коментираат вашето тело.
Поточно, воопшто не треба да го коментираат, освен доколку станува збор за медицински цели и разговори. Било каков разговор за изгледот на вашето тело, кој не е поврзан за вашето здравје – не е дозволен.
4. …да ве прегледуваат без да ви објаснат што прават.
Секоја жена заслужува да знае што сè прави нејзиниот доктор во даден момент. Токму деталните објаснувања им помагаат на жените да се опуштат, а тоа е и клучот за пријатен и безболен преглед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.