Ако често пиете кисела вода, дознајте колку всушност е добра.Природните газирани води се богати со растворени минерали како натриум, хлорид, калциум, јод и калиум, чиј состав го одредува вкусот и лековитите својства. Се препорачуваат за хидратација при зголемено потење и во случаи на дехидрација.Газирана вода е освежителен пијалок кој освен хидратација има и други здравствени придобивки:
помага во регулирање на телесната тежина
го стимулира варењето
ја подобрува функцијата на бубрезите
ја регулира телесната температура,
концентрација
позитивно влијае на расположението
PH вредноста на газираната вода е помеѓу три и четири, што е малку кисело, но не влијае на вкупната киселост на телото, како што многумина би помислиле.Многу луѓе не го знаат ова, но газираната вода исто така може да го зголеми нивото на лептин и да промовира чувство на ситост, што ја прави корисна за контрола на апетитот и поддршка на различни видови диети.Сепак, се препорачува да не се консумираат големи количини минерална вода веднаш по интензивна физичка активност или тренинг, за да се избегне евентуално нарушување на електролитниот баланс во организмот.Според некои студии, газираната вода всушност помага да се исчисти грлото и да се подобри способноста за голтање, што ќе ви помогне во целокупното варење.Во едно двонеделно истражување, 40 луѓе кои пиеле газирана вода имале почесто празнење од вообичаено, при што 58% од учесниците пријавиле намалување на запек, според Eat This Not That.Иако истражувањата се ограничени, некои велат дека пиењето газирана вода всушност може да помогне во подобрувањето на здравјето на срцето со намалување на ЛДЛ (лошиот) холестерол и шеќерот во крвта додека го зголемува ХДЛ (добриот) холестерол.Исто така, беше објавено дека проценетиот ризик од срцева слабост во текот на 10 години е намален за 35% кога се пие газирана вода.