Дали знаете што никако не треба да ѝ кажете на неговата мајка?

Веројатно веќе знаете дека на мајката на вашиот партнер не треба никако да ѝ го кажете вашиот износ на сметката во банка, бројот на вашите поранешни партнери и деталите од сексуалниот живот на нејзиниот син.
Но, постојат уште некои ситници, за кои можеби никогаш не сте размислувале, но неа многу би ја повредиле.
1. Дека нејзиниот син е „прав мамин син“
Не, тоа нема воопшто да ѝ биде смешно, дури и ако успеала да одглуми кисела насмевка.
2. Да очекувате од неа да биде посредник во вашата врска
Кога и да се скарате, ја барате неговата мајка и ѝ раскажувате каде погрешил нејзиниот син. Можеби првите неколкупати ќе застане на ваша страна, но веројатно не очекувајте дека со вас ќе го озборува сопственото дете?


3. Дека е премногу посесивна
Ако чувствувате дека во вашата врска таа е постојано присутна како трета личност, време е тоа да го решите. Но, со сериозен и конструктивен разговор со партнерот. Тој е оној кој треба да поразговара со својата мајка.
4. Дека не ви е нормално тоа што секојдневно се слушаат
Вие со родителите се слушате еднаш неделно и не сфаќате како некој поголем од 13 години, има потреба од интензивна комуникација со родителите. Никој не ве тера да ја барате својата мајка секојдневно, но немате право да се мешате во динамиката на семејниот однос на вашиот партнер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.