Дали изборот на обувки на жените зависи од мажот што им се допаѓа?

Неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот во Словачка покажало дека изборот на обувки за љубовен состанок зависи од мажот со кој жената излегува.
Имено, научниците спровеле студија на 292 хетеросексуални жени така што им покажале фотографии од двајца мажи, од кои еден бил оценет како поатрактивен, а другиот како помалку. Откако тие ги оцениле мажите со оценка од 1 до 7 (1 – непривлечен, 7 – исклучително привлечен), им покажале фотографии и од црни балетанки и бели штикли чија потпетица била висока 11 сантиметри и ги прашале кој модел би го одбрале и со кој маж.


Резултатите покажале дека повеќе од 60% од жените ги одбрале штиклите за состанок со мажот кој добил повисока оценка за привлечност.
Водечкиот истражувач, професорот Павол Прокоп, објаснил дека жените со носењето високи потпетици праќаат сексуални сигнали до мажот што им се допаѓа и со кој би сакале да отидат чекор понатаму. Ова го открива и нивното сензуално одење и нишање на колковите кога носат штикли.
Од друга страна пак, американскиот психолог, новинар и автор, Самер Бренан, надоврзувајќи се на ова истражување, истакнала дека жените што носат штикли не секогаш го повикуваат мажот за секс, бидејќи тие најверојатно не ни би отишле на состанок со маж што не им се допаѓа. Исто така додала дека и студијата би била поверодостојна ако понудените обувки биле во иста, а не во различна боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.