Во пресрет на двојните избори, од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) најавуваат дека за време на кампањите ќе вршат засилен мониторинг на социјалните мрежи, но и на традиционалните медиуми за да детектираат и реагираат на можен вознемирувачки и говор на омраза. Во интервјуто со претседателот на Комисијата, Игор Јадровски, слушнете и за другите предизборни пораки и активности на овој самостоен и независен државен орган
Во интервјуто разговараме и за еден од последните случаи во кои Комисијата утврдила вознемирување врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет преку коментар на објава на Фејсбук. Претседателот Јадровски вели дека законот е многу широк во поглед на основите по кои можете да побарате заштита и во однос на областите.
„Тоа значи дека ние медиумите не ги третираме како Законот за медиуми, да ги ставиме само оние традиционалните медиуми кои имаат некаква регулација, туку ние под медиумски простор ги подразбираме и социјалните мрежи каде што, впрочем, се наоѓа најголемиот дел од говорот на омраза многу ретко ќе видите вие вознемирувачки говор или говор на омраза на радио или на телевизија, каде сепак се наоѓа, мешутоа многу почето и поплодна почва за истото се социјалните мрежи. Така што, најголемиот број на мислења што се однесуваат на вознемирувачки говор се токму од вознемирувачки говор на социјалните мрежи“,
вели Игор Јадровски, претседател на КСЗД.
Погледнете го целото видео: