Дали Италија би застанала на нозе кога сите би го направиле ова? Го откажале одморот, но се одрекле од депозитот од 300 евра

Дали Италија би застанала на нозе кога сите би го направиле ова? Го откажале одморот, но се одрекле од депозитот од 300 евра

Пар германски туристи го откажале одморот во Италија кој требало да се случи во јуни, но одлучиле да го остават депозитот од 300 евра иако имале право на поврат на средства.
Својот гест, тие го објасниле како “искажување на солидарност кон Италија”.
“Мислиме дека ќе имате финансиски проблеми поради пандемијата, ако туристите не дојдат. Поради тоа сакаме да се откажеме од веќе уплатените пари”, вели овој брачен пар.


“Жал нѝ е што имате толку смртни случаи во Италија поради коронавирусот. Ви посакуваме добро здравје. Се срамиме затоа што Германија не сака да ви помогне со еврообврзниците и се надеваме дека нашите политичари наскоро ќе го променат мислењето”, напишале тие во писмото кое го објавил хотелиерот од југот на Сардинија.
Како што понатаму наведуваат, тие се постари луѓе и за нив ова патување би било ризично.
“Го видовме вашиот хотел на интернет и нѝ се допадна. Се надеваме дека ќе го видиме следната година, ако тоа е возможно”, стои на крајот од писмото на брачниот пар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.