Дали Италија ќе го замени Иран на Светското првенство? Италијанскиот министер ја разјаснува дилемата со искрена изјава

Италијанскиот министер за спорт, Андреа Абоди, ги отфрли сите сомнежи во врска со извештаите дека Италија би можела да го замени Иран на претстојното Светско првенство.

Во денешното обраќање до медиумите, Абоди даде многу искрена и фер изјава. Тој вели дека речиси и да нема шанси Италија да учествува на Светското првенство, но дека не би сакал тоа да се случи бидејќи не е фер.

„Тоа е континентално прашање. Навистина ми се чини многу невозможно тие да го наследат Иран, освен ако не се реши во рамките на Европа“, рече Абоди.

Италија ќе го пропушти третото Светско првенство по ред, а Абоди сосема реално рече дека се надева дека нема да се случи Италија да мора да го замени Иран на Светското првенство.

„Не мислам дека тоа може да се случи, и искрено, не би се надевал на тоа“, додаде Абоди, кој го следеше натпреварот од трибините на Билино Поље во Зеница во друштво на поранешниот претседател на Италијанскиот фудбалски сојуз Габриеле Гравина и првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, Вице Жељковиќ.

Да потсетиме дека во таа прилика, „Змејовите“ ја победија Италија со 4:1 во изведувањето на пенали, со што директно ги елиминираа „Аѕурите“ од Светското првенство, а воедно си резервираа билет за настанот на кој учествуваат најдобрите фудбалски тимови во светот.
The post Дали Италија ќе го замени Иран на Светското првенство? Италијанскиот министер ја разјаснува дилемата со искрена изјава appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: