Дали и Самка Ибраимоски е можен претседателски кандидат?

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) на пратеникот Самка Ибраимоски, која е дел од владејачката коалиција планира сама да трча на претседателските избори, пишува “ПлусИнфо“.
Ваков заклучок бил донесен на синоќешниот партиски состанок бидејќи такви барања имало од членовите на партијата, граѓаните Роми, како и од невладините организации од дијаспората. Писмени барање за Ромите да излезат со свој кандидат за претседател пристигнале од иселениците во Франција, Германија, Белгија и други земји.
– Конечката одлука за името на кандидатот ќе би биде соопштена по општинските консулатции како со лидерите на Ромските партии, ромските граѓански организации и Ромите од цела Македонија. Почитувани Роми дојде време и ние да мислиме за себе исто како и останатите, порачуваат од партијата.
Сепак, според извори од партијата, конечната одлука за тоа како ќе настапат на претседателските избори и кој ќе биде нивниот кандидат ако дефинитивно пресечат да одат сами на избори, ќе биде позната до 10 февруари.
Неофицијално, на синоќешниот состанок биле утврдени шест можни кандидати. Петмина се од редовите на партијата, а еден од дијаспората. Помеѓу нив, според информации на порталот, е и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски. Тој ниту ја потврди ниту ја демантира таа информација.
Овие имиња ќе им бидат понудени и на другите ромски партии и организации, ќе се разговара и со Амди Бајрам, и ќе се види дали ќе сакаат да застанат зад некој од нив.
– Ако ништ друго, барем ќе се преброиме, ќе се сплотиме и стекнеме ново искуство во начинот на нашето делување и понатамошно постапување на останатите избори, велат од ПЦЕР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.