Дали и СРЃАН КЕРИМ се дал во бегство?

Последниве денови перманентно се пласираат одредени шпекулации кои се однесуваат на можноста поранешниот косопственик на „Медиа Принт Македонија“, Срѓан Керим, да се дал во бегство. „Правосудство.мк“ се обиде да ги истражи ваквите шпекулации, но истрагата завршува до Хрватска каде што Керим поседува своја куќа во Опатија и хрватски пасош.
Сомнежите за бегство на Керим се засилија последниве неколку дена, односно од денот на притворање на неговиот содружник Јордан (Орце) Камчев, но и Сашо Мијалков за кого меѓу вработените во „МПМ“ се говореше дека е вистинскиот сопствениик на фирмата, а кој беше „претставен“ преку Јана Станисављева, инаку третиот, односно третата содружничка во компанијата. Неспорно е тврдењето дека Срѓан Керим, несудениот генерален секретар на Организацијата на обединетите нации, поседува куќа во Опатија, но многу поинтересен е моментот кој се однесува на тоа дали тој поседува и „путовница“, односно дали има хрватско државјанство и хрватски пасош. Токму поседувањето на хрватски пасош би му овозможил непречен пат на Керим на секаде низ светот, бидејќи ретки се тие земји кои на хрватските државјани им бараат виза.
Како можна опција за негово бегство се спомнува Канада, бидејќи негов близок пријател, наводно, поседува викендичка на западниот брег. Пријателот на Керим, за кој се верува дека ќе се заземе за него, му се најде и во времето кога тој беше инволвиран во аферата „750.000 евра во шише“.
Можното бегство на Керим треба да се гледа низ призмата на истрагата за случајот наречен „Империја“, а во кој како првоосомничен се јавува токму осомничениот Камчев, кој, пак, својот дел во „МПМ“ ќе му го отстапи на Керим во декември 2016 година, односно на не цели два месеца од почетокот на штрајкот на новинарите во „МПМ“. Сето ова имплицира дека Керим е еден од оние ликови за кои говореше Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која најави проширување на истрагата за „Империја“, со внесување на имиња на нови фирми и на нивни управители. Во прилог на оваа теза оди и септемврискиот повик на СЈО до Срѓан Керим и до Јана Станисављева да се појават во службените простории на обвинителството и таму да дадат исказ за она за што тие беа повикани. Останува непознато дали Керим, во СЈО, бил распрашуван по поднесената кривична пријава на новинарите за сторени злоупотреби, односно за уништување на печатените медими и за неисплатени плати, но и за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ или, пак, за други финансиски малверзации останува да покаже времето, но затоа е увтрдено дека тој пријавил побарувања од „МПМ“ во висина од 4.569.000 денари или околу 75.000 евра, а Камчев побарува 1.766.220 денари или 28.717.024 евра. Дали Керим навистина е веќе во бегство треба да се заинтересираат оние државни инситуции кои се задолжени за гонење на криминал и корупција за да не се повторат Горан Грујевски, Никола Бошковски и Никола Груевски!
Извор: Избегал ли Керим?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.