Дали кафето може да нè отрезни?

За жал, научниците откриле дека кофеинските пијалаци воопшто не помагаат во ублажување на мамурлакот. Професорот Тони Мос од Лондон открил дека нивото на алкохол во крвта не се намалува при консумирање на шолја јако кафе.
Кафето односно кофеинот може да помогне да се чувствувате побудно, но во координацијата и другите моторички способности и понатаму влијае алкохолот кој го имате во крвта.
Професорот Мос спровел експеримент со цел да ја тестира оваа теорија.
Тој повикал пет студенти во контролирано опкружување кое наликувало на паб и им дал да пијат вотка и тоник – пијалак кој содржел доволно алкохол (во однос на нивната тежина и висина) за тие да можат да го почувствуваат неговото дејство.


Групата потоа направила еден едноставен тест кој го покажал влијанието на способноста око-рака: сè што требало да направат е да поместат едно метално квадратче околу жица, а притоа да не ја допрат.
Студентите паднале на тестот и биле видно пијани. По пет минути им било донесено кафе, а по неговата консумација тие требале да го повторат тестот.
Иако учесниците се чувствувале побудно, тие повторно паднале на тестот. Професорот Мос открива дека мерењето на количината на алкохол во крвта покажало дека количината на алкохол е иста како и после пиењето на кафе.
Поточно, Мос вели дека постои само еден начин да се отрезните, а тоа е да чекате.
“Од некои други истражувања знаеме дека кафето е “противотров” за алкохолот. Со пиењето на кафе ќе се чувствувате помалку уморно, како и дека ќе се намали нивото на алкохол во крвта. Но, единствено нешто што може да ве отрезни е да почекате да помине дејството на алкохолот”, вели тој.
Тој исто така истакнува дека не постои ништо што можете да испиете за побргу да се отрезните.
“Многу луѓе мислат дека пиењето на вода може да помогне во тоа, но повторно ќе кажам – ништо не може да го забрза тој процес преку кој црниот дроб го ослободува алкохолот во крвотокот”, вели Мос и додава дека се потребни два до три часа за системот целосно да се “исчисти” од една чаша пиво, но и дека половина шише вино се задржува до организмот и до пет часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.