Дали Ковид-19 „преку ноќ“ побегнал од лабораторија во Вухан? Се огласи „жената лилјак“: Кој може да обезбеди доказ кој не постои?

Научничката од Институтот за вирологија во Вухан, д-р Ши Зенгли, позната како „жена лилјак“, ги отфрли тврдењата дека Ковид-19 можел да „побегне“ од нивната лабораторија, а таквите тврдења ги нарекла „тажни и неприфатливи“.
Група од 18 научници, вклучувајќи и еден од најистакнатите светски истражувачи на коронавирусот, повторно започнале расправа за тоа дали Ковид-19 „преку ноќ побегнал“ од лабораторија во Вухан.
Предупредувајќи дека нема доволно докази дека таа можност може да се исклучи, групата пишувала во престижното списание „Science“, вклучувајќи ја и Џеси Блум, биолог од Центарот за истражување на канцер во Сиетл, Ралф Бариџа, истражувач на коронавирусите којшто работел со научници во Вухан и Дејвид Релмен, микробиолог и имунолог од Стенфорд.


Меѓутоа, вирологот од Вухан, Ши Зенгли, одговорила на имејлот во петокот наутро поради повикот да ги предаде своите лабораториски документи.
„Тоа дефинитивно не е прифатливо. Кој може да обезбеди доказ кој не постои? Многу е тажно да се прочита ова писмо кое е напишано од 18 научници“, одговорила научничката позната како „жена лилјак“.


Таа додала и дека хипотезата за протекување на вирусот од лабораторија е основана на само неколку експертизи на лабораторијата која веќе долго време работи со коронавирусите и лилјаците, а кои се поврзани со SARS-CoV-1, пренесува српски „Новости“.
„Ваквите тврдења дефинитивно ќе им наштетат на угледот и ентузијазмот на научниците кои се посветени на работата на новите животински вируси кои имаат потенцијален ризик за пренос на луѓето и на крајот ја ослободуваат способноста луѓето да спречат следна пандемија“, истакнала таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.