Дали консумирате здрава храна во погрешно време?

Иако во денешно време луѓето се свесни за значењето на здравата исхрана, сепак многу е тешко да се следат сите нејзини важни правила. На пример, дали сте знаеле дека некои здрави продукти имаат штетно влијание доколку ги консумирате во одредено време?
1. Банани
Бананите делуваат како одлична здрава опција да се започне денот, но доколку се консумираат на празен стомак, се спушта нивото на енергија. Во почетокот ќе осетите зголемена енергија, бидејќи бананите содржат голема количина шеќер, но за неколку часа ќе бидете уморни и гладни. Бананите можат да им наштетат на оние кои патат од синдромот „нервозни црева“, предизвикувајќи дијареја. Доколку не сакате да ги исфрлите бананите од појадокот, најдобро е да ги комбинирате со друга храна која содржи здрави масти, како путер од кикиритки.


2. Кафе
На многумина, шолја кафе веднаш по будењето им изгледа сосема нормално, но всушност таа е бескорисна. Истражувањата покажале дека пиењето кафе пред појадокот ја покачува толеранцијата на кофеин. Во првиот час по будењето, телото произведува кортизол и многу е важно да не се нарушува овој процес. Најдобро време за пиење кафе е два часа по будењето и појадувањето. Исто така треба да се избегнува да се пие касно навечер, за да избегне несоница.
3. Ориз
Оризот не треба да се консумира попладне или навечер, бидејќи содржи комплексни сложени јаглехидрати на кои им е потребно многу време да се сварат. Исто така, содржи голем број калории, па доколку јадете касно навечер, многу полесно ќе се здебелите. Оризот е добар за ручек, бидејќи во овој период метаболизмот работи најбрзо и долго време ќе ве одржува сити.
4. Шеќер
Шеќерот најдобро е да се избегнува целосно. Но, реално, тоа е речиси невозможно. Клучната грешка при консумирање шеќер е јадењето благо. Нивото на шеќер во крвта нагло се подигнува, па нагло опаѓа што ве прави уморни и нервозни. Ако не можете без благо, најдобро е да го консумирате веднаш по главното јадење, бидејќи на тој начин нивото на шеќер нема драстично да се крене.
5. Млеко
Многу луѓе, уште од детството имаат навика својот ден да го започнат со шолја млеко, но оваа навика не е добра за возрасните. Млекото тешко се вари, па консумирањето во комбинација со други продукти може да предизвика грчеви во стомакот. Најдобро време за шолја топло млеко е навечер. Ќе ве смири и ќе ви обезбеди добар сон.
6. Месо
Месото е одличен извор на протеини и витамин Б, но може негативно да влијае на системот за варење. Затоа не би требало да се јаде месо навечер и пред спиење. Најдобра опција е да се консумира посно месо, најмалку три часа пред спиење. Ќе ве засити, а и нема премногу калории кои би предизвикале здебелување. Треба да се јаде и во текот на денот, за да му обезбедите доволно протеини на телото. Избегнувајте да јадете месо наутро.
7. Јаткасти плодови
Јатките се одличен извор на здрави масти и калории, но нивното консумирање пред спиење не е добра идеја. Доколку не можете да издржите, изедете само неколку, но не претерувајте, бидејќи ќе си предизвикате проблеми со варењето и многу потешко ќе заспиете. Најдобро е да ги консумирате за време на појадок и како ужина меѓу оброците во текот на денот.
8. Полномасно сирење
Парче леб, намачкано со сиренце, пред спиење е доста примамливо, но избегнувајте го. Полномасното сирење тешко се вари, а тоа влијае на квалитетот на сонот. Најдобро е да го консумирате за појадок.
9. Цитруси


Започнувањето на денот со чаша цеден портокал делува здраво, но всушност не е. Цитрусите се многу кисели и често предизвикуваат грчеви во стомакот. Исто така, го забавуваат апсорбирањето на хранливите материи. Најдобро е да се консумираат после оброк.
10. Грав
Гравот содржи големо количество протеини, па доколку го консумирате навечер, може да предизвика до подуеност на вашиот стомак и нарушување на сонот. Гравот е совршен за ручек или за рана вечера.


11. Јаболка
Јаболката се богати со хранливи влакна и содржат природни киселини кои го подобруваат варењето и функцијата на дебелото црево. Но, доколку консумирате јаболка навечер, нивната киселина предизвикува тешкотии во стомакот, како и гасови. До ова доаѓа бидејќи храната навечер потешко се вари. Најдобро време за консумирање јаболка е наутро, бидејќи тогаш ја стимулира работата на цревата по долгиот сон. Ова особено ќе ви годи доколку претходната вечер сте консумирале нездрава храна или сте се прејале.
12. Јогурт
Избегнувајте консумирање јогурт на празен стомак и пред оброк. Тој содржи лактоза која може да ги намали киселините во стомакот, а тоа ќе го забави варењето на главниот оброк, предизвикувајќи ви тешкотии во стомакот. Најдобро време за консумирање јогурт е еден до два часа по главниот оброк. Не е лошо ни пред спиење да се испие пола шолја, бидејќи количеството протеини во него ќе придонесат за развивање на мускулите во текот на ноќта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.