Дали користите повеќе уреди секој ден? WhatsApp има добри вести за вас!

WhatsApp, најпопуларната апликација за инстант пораки, работи на воведување поддршка за повеќе уредиТака, благодарение на синхронизацијата на историјата на претходната комуникација, истите пораки ќе можат да се читаат од неколку различни екрани.

Така, еден корисник , неговиот профил ќе може да го користи на повеќе уреди истовремено, што значително ќе ја олесни и забрза комуникацијата преку апликацијата.

Во моментов, WhatsApp на повеќе уреди може да се користи преку WhatsApp Web, опција што работи само кога уредот е поврзан на Интернет. Поддршката за повеќе уреди, за која во моментов се работи, не бара телефонот да биде постојано поврзан на Интернет, но им овозможува на корисниците да комуницираат истовремено со повеќе уреди.

Апликацијата ќе ја добие и  iPad верзија, за која се зборува долго време, пишува The Verge. WhatsApp во моментов има повеќе од две милијарди корисници, а нивниот број постојано се зголемува.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.