Дали на трудниците им е дозволено да пијат кафе?

Бремените жени мора да се откажат од многу работи поради здравјето на детето, но отсекогаш се поставува прашањето дали им е дозволено да пијат кафе и да консумираат намирници во кои има кофеин.
Научниците утврдиле дека не се препорачува да пијат повеќе од две шолји кафе на ден, што е максимално 200 милиграми кофеин дневно, пренесува Дејли Меил.
Трудниците треба да го избегнуваат кофеинот што е можно повеќе, се наведува во едно истражување. Тој се наоѓа во кафето, чајот, чоколадите и многу други намирници.


Прекумерното консумирање на кофеин предизвикува помала тежина на бебето, што доведува до големи проблеми во подоцнежниот живот.
Докторите препорачуваат бремените жените да пијат повеќе вода и чаеви во кои нема кофеин. Доколку не можете да се откажете од кафето, изберете кафе без кофеин. Строго се препорачува да се стави крај на консумирање на енергетските пијалаци и се советува да ги читате декларациите на производите и обрнете поголемо внимание да не ја надминете границата на дневна доза кофеин од 200 милиграми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.