Седум од десет жени и речиси третина од мажите барем еднаш во животот има одглумено оргазам, покажало неодамнешно истражување.
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Канзас откри дека дури 68 проценти од жени и 28 проценти од мажите редовно глумат оргазам со партнерот.
И двата пола имаа иста причина за тоа, чувствуваат дека партнерот е близу до врвот , па мислат дека треба и самите да го доживеат.
Уште една причина е скратување на помалку досадниот чин и тоа на начин на кој нема да ги навредите чувствата на партнерот. Истражувањето направено во еден магазин за секс анкетирале 285 испитаници за нивните сексуални навики.
Тие откриле дека мажите и жените симулираат оргазам, бидејќи чувствуваат дека треба да повеќе да уживаат во сексот. Ова особено е проблем за мажите.
„Акцентот на мажот како фигура која треба да обезбеди врвен оргазам, понекогаш доаѓа до тоа да и мажот и жената го глумат само да ги исполнат тие очекувања“, стои во извештајот од испитувањето.
Минатата година истражувачите од Универзитетот Колумбија во Њујорк откриле дека жените глумат оргазам да ги задржат партнерот.
Друго истражување од 2011 година во Универзитетот во Пенсилванија покажа дека жените го прават затоа што се плашат од интимноста или ги мачи неизвесност.
Меѓутоа ако глумите оргазам, правете го тоа колку што можете погласно. Всушност едно друго истражување во Лидс Универзитетот покажало дека личностите кој се гласни во креветот имаат подобар сексуален живот. Жените реагираат особено добро на звукот кој го произведува партнерот за време на сексот, бидејќи тоа ги охрабрува.Седум од десет жени и речиси третина од мажите барем еднаш во животот има одглумено оргазам, покажало неодамнешно истр