Дали некогаш сте се запрашале зошто не е капитен на Ливерпул?

Мохамед Салах се соочи со критики од некои поранешни египетски ѕвезди за рано враќање на „Енфилд“, откако заработи повреда на Африканскиот куп на нации каде „фараоните“ испаднаа во осминафиналето.

Еден од оние кои го критикуваа Салах беше Хосам Хасан, рекордерот по погодоци на Египет и новоименуваниот селектор на националниот тим. Сега критики стигнаа и од поранешниот напаѓач на Тотенхем, Мидлсброу и Марсеј, Мидо, кој немаше многу милост кон идолот на Египет.

„Салах е ѕвезда на Египет, но дали тоа што го прави со репрезентацијата е слично на она што го прави Меси со Аргентина? Или Роналдо со Португалија? Тој ги насочува играчите при изведувањето пенали, кажува кој ќе шутира и кој ќе го следи и ја наметнува својата личноста на сите. Салах еволуираше ментално, но никогаш не бил лидер на теренот, дали некогаш сте се запрашале зошто не е капитен во Ливерпул? Не кажувајте само затоа што е странски играч затоа што тоа не е фактор во англискиот фудбал и има многу докази“, изјави Мидо и додаде:

“Салах беше негативно погоден поради тоа што стана капитен на Египет. Тој ќе имаше повеќе слобода и помал притисок ако беше без таа лента. Некои можеби ќе ме обвинат дека сум љубоморен на Салах, но тоа е група на болни луѓе. Споредба со Меси и случаите со Роналдо е ситуација која е сосема спротива од таа со Салах. Двојката има сосема различни личности и менталитети од Салах. Салах е еден од оние на кои им е тешко да го носат товарот на капитенот.“

Салах претходно беше капитен на Ливерпул, но моментално таа улога е во сопственост на Вирџил ван Дијк, кој го наследи Џордан Хендерсон кој замина во Саудиска Арабија.

Пронајдете не на следниве мрежи: