Дали некогаш сте се запрашале колку навистина е важна здравата исхрана?

Според една неодамнешна студија објавена во списанието „The Lancet“, нездравата исхрана предизвикува околу 11 милиони смртни случаи годишно. Научници ги анализирале прехранбените навики на луѓето во 195 земји ширум светот и ги зеле во предвид смртните случаи предизвикани од срцев удар, одредени видови тумори, дијабетес и пушење.
„Ова истражување ни покажа дека исхраната којашто е сиромашна со хранливи состојки е водечкиот причинител за смрт ширум целиот свет“, вели авторката на студијата Ашкак Афшин, од Институтот за здравје при Универзитетот Вашингтон. „Нездравата исхрана е полоша за здравјето од тутунот и високиот крвен притисок.


Глобално гледано, ова откритие може да послужи како потсетник дека кога зборуваме за борбата против гладот и подобрување на здравјето на луѓето ширум светот, не можеме да говориме само за храната, туку и за нејзиниот вид. Нема да го решиме проблемот со грицки од рафинирање јаглехидрати и газирани пијалаци – токму тие ќе ја доведат популацијата еден чекор поблизу до болести и смрт“, објаснува таа.
Споредувајќи ги сите држави во светот, оние земји што имаат прехранбени навики слични на медитеранската исхрана, односно кои јадат многу овошје и зеленчук, јаткасти плодови и здрави масти (маслиново масло и масло од риби како лососот) се најздравите во светот и имаат најниска стапка на смртност предизвикана од прехранбените навики.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.