Дали неодговорноста и несоодветното постапување во случајот со директорката може да создаде ново жариште од коронавирус?

Состојбата со епидемијата од Корона вирусот создаде страв кај населението и многу прашања и дилеми.
Засега официјално се потврдени се 13 случаи на заразени со КОВИД 19 вирусот, но веќе е прогласена кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа. Во ова жариште веќе се испратени и силите на АРМ.
Но дали е ова единственото жариште во државата? Дали после скандалот со директорката Цаца Билјановска има и ново потенцијално жариште на зараза?
Јавноста се уште нема информација за здравствената состојба на докторите кои учествуваа на симпозиумот на дермато-венеролози на кој присуствувала директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, која се покажа дека била заразена со корона вирусот.
До сега нема информации колку од овие доктори се тестирани и колку од нив се заразиле?


Директорката на клиниката за кожни болести беше еден од најскандалозните случаи за заразени од корона вирусот. Имено таа била на зимување во загрозените подрачја на Италија и од таму се вратила на 1-ви март без да се тестира и покрај тоа што била потенцијален сомнителен случај. Дополнително таа на 2-ри март се вратила на клиниката и таму била во контакт и со други вработени и пациенти, но и присуствувала и на симпозиум со стотина лекари од земјава и странство.
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера посочија дека на втори март доктор од кожната клиника се јавил во кол центарот на министерството за здравство за да го пријави нејзиното доаѓање од кризно подрачје и да побара реакција од институцијата. Следниот ден на трети март директорката веќе била известена дека е пријавена во министерството од нејзини колеги и таа утринскиот колегиум го искористила за да се заканува кон докторите од клиниката дека ќе бидат избркани од работа. Истиот ден директно доктори од клиниката го известиле и министерот Филипче, за заканите кои што ги добивале, но и за сомнежот дека директорката може да биде носител на опасниот вирус.
Венко Филипче уште од трети март знаел за опасноста од ширење на опасниот вирус во една здравствена установа, во склоп на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.И ништо не превземал! Првата прес конференција на Филипче за овој случај е дури после 6 дена, на деветти март ден понеделник- рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес конференција.
Ниту медиумите, ниту граѓаните не знаат колку од персоналот и пациентите од клиниката за кожни болести се тестирани и дали кај некој од нив е дијагностициран корона вирусот?
Според непотврдени информации до самиот ден на избувнување на скандалот со Директорката Цаца Билјановска, на клиниката за кожни болести биле примани пациенти и третирани без посебен режим.


Како што информираат нашите извори, кои не ни се потврдени од институциите, дента кога се објави скандалот, на 9 –ти март, до 13 часот се прегледувале пациенти во амбулантите, што можело да се провери и од Мој Термин. Потоа настанал хаос на клиниката и таа веднаш била испразнета , а седум лежечки болни биле испишани и испратени да одат дома во различни градови од Македонија, секој како ќе се снајде.
Овде се отвора прашање дали било постапено соодветно на протоколите и дали се направени стручни грешки и пропусти?
Очекуваме во интерес на јавноста и здравјето на граѓаните Министерството за здравство да одговори на овие дилеми и прашања и доколку се направени пропусти на самиот ден 9-ти март, дали биле дополнително третирани и информирани и пациентите и персоналот во клиниката?

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.