Дали од КОРОНА во Вухан починале 42 илјади луѓе?

Дали од КОРОНА во Вухан починале 42 илјади луѓе?

Жители на кинескиот град Вухан тврдат дека како последица на коронавирусот само во нивниот град починале 42 илјади луѓе, а не 3,300 како што тврдат кинеските власти, пренесува “Daily Mail”.

Според официјалните податоци, во Кина има 81 илјада заразени со коронавирус, од кои 3,300 лица починаа како последица на вирусот. Од тие 3,300 смртни случаи, 3,182 се пријавени во провинцијата Хубеи, од чиј главен град Вухан тргна пандемијата на Ковид-19.

Но, жителите на Вухан кои имаат смртни случаи во семејствата тврдат дека досега седум различни погребни претпријатија секој ден предаваат по 500 урни. Погребните претпријатија од Ханкоу, Вучанг и Ханјанг им соопштиле на семејствата дека урните ќе се испраќаат до 5-ти април.

Тоа значи дека во периодот од 25-ти март до 4-ти април ќе бидат поделени 42 илјади урни, а локалните медиуми пред извесно време пренесоа дека во Ханкоу во два дена пристигнале две посебни пратки од пет илјади урни.

Некои локални медиуми исто така пренесоа дека многу луѓе во провинцијата Хубеи починале во своите домови без воопшто да бидат дијагностицирани. Според нивни извори, бројката од 42 илјади починати како последица на коронавирусот не е невозможна, затоа што во текот на еден месец биле извршени дури 28 илјади кремирања.

ДЕНЕШЕН ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕКСТОВИ:

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ: 

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.