Дали пандемијата предизвикува епидемија на осаменос?

Психолозите сè повеќе зборуваат за тоа дека луѓето денес се помалку дружељубиви и се отуѓуваат едни од други. Дали Ковид -19 ни донесе нова епидемија наречена – осаменост?
Сега најчесто пиеме кафе со пријателите или роднините преку „Скајп“ или видео повици, иако тие можеби не живеат на другата страна од светот. Дали стануваме асоцијални или само се прилагодивме на правилата на новото време и дали сме свесни за тоа?
„Сè уште постојат пријателства, семејни односи што ги негуваме. Можеби не изгледа како пред 10 или 20 години, но тие се важен дел од нашите животи. Точно е дека денес сме многу повеќе фокусирани на нашите потреби, но не сум сигурна дека тоа значи дека сме си доволни сами на себе“ – вели психологот и психотерапевт, Јована Јестровиќ.
Како да се вратиме на претходниот социјален живот и навики?
„Не знам дали е можно сè да изгледа како порано. Треба да се обидеме да поминеме време со драгите луѓе и да уживаме во моментите поминати заедно, секогаш кога ќе можеме. Да разбереме дека телефонот и интернетот се одлични кога не сме во можност да видиме некого во живо, но и дека тие никогаш нема да можат да ги заменат сите состаноци и да станат единствениот начин за дружење“ – вели психологот.


Во која мерка асоцијалноста зависи од карактерот на личноста и кое луѓе се најмногу склони кон такво однесување?
„Некои луѓе по природа се помалку дружељубиви и помалку уживаат во интеракција со други луѓе. Во психологијата, ние ги нарекуваме интроверти. Од друга страна, екстровертите се луѓе кои претпочитаат да поминуваат време во друштво, тие се оние за кои велиме дека се дружељубиви“ – истакнува Јестровиќ.
Нема фатални последици од однесувањето кога се избегнуваат контакти со луѓе. Овие луѓе учат многу рано да функционираат сами и можат да сторат сè без помош од другите. Сепак, не можеме да заборавиме дека човекот е социјално суштество и дека на секој од нас понекогаш му е потребна поддршка од блиски луѓе, кои никој и ништо не може да ги замени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.