Дали политичарите мислат дека на народот нешто му значи каде се паднала паричката во нивните домови?

Не е јасно зошто насекаде се објавува каде се паднала паричката во домовите на политичарите? Врие од информации, пр соопштенија насекаде. Не се паднала кај овој туку кај сопругата му, па кај другиот се паднала после многу години и слично. 
Навистина дали некого навистина го интересира тоа? Народот се научи на испосништво. Во време на празниците кило патлиџан, пиперка или краставица е над 100 денари. Да не зборуваме за другите продукти потребни за нормална трпеза. Луѓето едвај составуваат крај со крај. Се помалку јадат, се попосно. Се по оскудно. И никој не презема ништо во таа насока.
Наместо тоа се сервираат приказни за замачкување на очите на гласачите кои сега ќе треба да се хипнотизираат со идеја за подобро утре. Ако се суди по тоа што го добивме овие 30 години тоа утре нема да дојде. Корумпираните политички елити само гледаат каде ќе се падне „паричката“ во буквална смисла на зборот. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.