Дали постои нешто што Тамара Eклстон нема да го направи за публицитет?

Дваесет и осум годишната Тамара Еклстон, ќерка на сопственикот на Формула 1 Берни Еклстон и хрватската манекенка Славица Радиќ, предизвикала голема „фама“ на Твитер кога објавила една од фотографиите кои ги направила за „Плејбој“. Меѓутоа реакциите воглавно биле негативни затоа што твитерашите прашувале дали има нешто што размазената богаташка нема да го направи за публицитет.
„Со пари не може да се купи класа“ или „Со сите пари на светот Тамара и понатаму изгледа ефтино“- се само некои од реакциите.
Ни Тамара не останала должна.
„Тажно е тоа што на светот има „хејтери“. Наместо да се грижите за мојот живот, кој не може да биде посреќен, треба да се запрашате зошто сте толку огорчени и да пробате својот живот да го направите подобар“-твитирала Еклстон која е верена за 31-годишниот британски брокер Џеј Ратланда.
Тамара се одлучила снимањето(за кое добила шестцифрен хонорар) да биде во стил на 50-тите години од минатиот век.
„Тамара е многу горда на своите облини“-рекол неименуван извор за „Daily mirror“ и додал дека имала голема поддршка од семејството и вереникот.
Фото: InstagramДваесет и осум годишната Тамара Еклстон, ќерка на сопственикот на Формула 1 Берни Еклстон и хрватската манекенка Слави

Пронајдете не на следниве мрежи: