Дали првото место во групата во СЕХА е најмудрата патека за Вардар?

Вардар посакува да застане цврсто на двете нозе и со сигурна победа вечерва (18ч.) над Татран да порача дека неговата форма допрва ќе расте. За прво место во групата Б, на Вардар му треба победа од, најмалку, пет разлика, меѓутоа дали патеката која ја отвора тоа прво место е најмудрата и најлесната?

Ако Вардар заврши прв во својата група, во четвртфиналето од СЕХА-лигата ќе оди на второпласираниот од групата А. Во моментов тоа е Нексе, но тешко е да се предвиди дали ќе остане така, бидејќи и хрватскиот вицепрвак и Пелистер и Војводина покажаа дека се блиски по квалитет. Новосадската гордост, дури е во пол-позиција за освојување на првата позиција таму, ако важи за тим со најнизок рејтинг од трите, што значи во таква ситуација Вардар би вкрстил со Пелистер или со Нексе.

Пронајдете не на следниве мрежи: