Дали претеравте со скубење на веѓите и сакате да ги обновите? Следете ги овие 3 чекори

Секој прави грешки и трендовите не се секогаш исти, а доколку сакате да ги обновите веѓите, еве што треба да направите.Веѓите го врамуваат лицето, а добро стилизираните можат да ни дадат сосема поинаков изглед. За оние кои претерале со кубењето, можеле да чекаат девет месеци, па и две години за целосно да им се обноват веѓите и да достигнат максимална ширина и исполнетост. Сепак, соодветната грижа и одредени трикови би можеле да го забрзаат тој процес.Шминкерката на куќата „Шанел“, Химена Гарсија, верува дека густите веѓи можете да ги вратите во три чекори. Секако, во случај на некои кожни состојби и болести, како и нерамнотежа во хормоните, причината треба да се реши бидејќи тенките веѓи може само да бидат последица, пишува „Вог“.1. Чистење и лупењеЛупењето на кожата под влакната на веѓите помага да се отворат фоликулите и да се промовира растот на веѓите. Така, пилингот им помага на другите производи кои го поттикнуваат растот полесно да навлезат во кожата. Прво, темелно исчистете го лицето и веѓите со средство за чистење лице. Тогаш е време за нежен пилинг. Покрај купените, можете да направите и природна смеса. Направете пилинг со розова хималајска сол и додадете го омиленото масло за кожа, можете да користите и јојоба. Нежно масирајте и исплакнете.2. Масажа за циркулацијаМасажата на веѓите ја стимулира циркулацијата, снабдувањето со крв во областа и го поттикнува растот. Со масажа можете природно да ги подигнете веѓите и да ги отворите очите. Масажата можете да ја извршите со прстите или со алатки како гуа ша.3. ХидратацијаИсто како што се грижите за косата и ја хидрирате кожата, така и вашите веѓи бараат сличен третман. Премачкајте ги веѓите со хидратантен серум или едноставно користете природни препарати како оризова вода или бадемово масло.  

Пронајдете не на следниве мрежи: