Мохамед Салах го повреди рамото уште во првото полувреме на финалето на ЛШ меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, а египетскиот репрезентативец настрада по еден дуел со Серхио Рамос, во кој неговата рака остана под телото на дефанзивецот на Реал.
Фановите на Ливерпул се убедени дека Рамос имал намера да го повреди Салах, а така размислува и Мидо, поранешниот египетски напаѓач кој настапуваше во повеќе европски клубови.
– Кој се разбира во фудбал, знае дека Рамос го повреди намерно Салах, – напишал Мидо на Твитер.