Дали рибата од конзерва е воопшто здрава?

Сте се запрашале ли некогаш дали рибите од конзерва се подеднакво здрави како и свежите? Земајќи ги во обѕир ставовите на експерти од Американскиот државен земјоделски центар, одговорот е потврден.
Рибите во конзерва имаат исто толку здрави состојки како и свежите. Со тоа што е потребно во исхраната да комбинирате свежа и конзервирана, со оглед на позитивните и негативните страни кои постојат.


Конзервираните риби се поевтини и полесно достапни за разлика од свежите, а нивниот рок на траење е подолг. Имаат повеќе масти, сол и немаат вкус како свежата риба.
Рибите кои се наменети за готвење се најчесто уловени во нивното природно опкружување. Не се како свежите кои може да ги купите од рибарница или рибник. Исто така, во некои видови одгледувани риби има значително повеќе отровни материи отколку кај оние уловени во дивина.
„Кај конзервираната риба има повеќе калциум отколку кај свежата, бидејќи коските омекнуваат и можат да се јадат, а со тоа се зголемува и нивната вредност“, вели Кристин Кикпатрик.
Ако веќе одлучете да јадете риба од конзерва, одберете ги оние кои се во маслиново масло бидејќи имаат повеќе омега-3 масни киселини. Маслото помага во зачувување на повеќе хранливи состојки во рибата, за разлика од водата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.