Сексот без обврски кога сте сингл си има свои предности. Можете да „откачите“ и да пробате нови работи и никогаш веќе да не ја видите таа личност. „Секс-пријателите“ исто така се добра опција ако немате време или не сте емотивно подготвени за врска.
Но, ако сексуалното експериментирање не ви е најомилено и сепак во треба повеќе од физички секс, сексот сам по себе нема да ви пружи многу освен смирување на хормоните и некоја потрошена калорија.
Има одредени сегменти на сексот во врска што го прави посебен и незаменлив. Но, дали е подобар? Сексолозите велат да и тоа од неколку причини.
Безбеден секс
Кога имате секс само со еден партнер, помала е веројатноста да се заразите со сексуално преносливи болести и веќе имате утврдено метод на контрацепција што ви одговара на двајцата. А нема подобар секс од безбеден секс.
Комуникацијата значи подобар секс
Кога сте во врска со некого, се трудите да ја запознаете таа личност и да ги научите сите работи што ѝ се допаѓаат, што „пали“, а што не, кои се специфичните работи што ѝ пружаат задоволство. Истото важи и за вас. Преку комуникација се гради подобра врска, а со тоа и подобар секс, бидејќи отворено се зборува за сите работи што ви се допаѓаат и не ви се допаѓаат. Меѓусебното запознавање му дава посебна магија на сексот и тој станува сѐ подобар со тек на време.
Романтичен секс
Не зборуваме за палење свеќи и посипување латици од ружа на креветот. Интимноста што ја имате со партнерот и романтичната врска што ја имате развиено, односно љубовта, придонесува за подлабоко ои поинтензивно доживување на сексуалното искуство. Довербата, блискоста и слободата во сексот со некој кој добро го познавате и сакате го прават сексот уште подобар.