Дали се ова можеби најбизарните Оскари до сега: Завивање на сцена, трагична посвета, Хопкинс собори рекорд

Церемонијата на доделување на Оскарите поради пандемијата се одржа во невидено издание!
93-то доделување на Оскарите се одржаа на повеќе локации во Лос Анџелес, но и надвор од САД. Главните делови на церемонијата беа во театарот Долби и на Унион станицата, каде што беа присутни само 170 филмаџии.
Како што можеше да се очекува, доделувањето беше различно во споредба со манифестациите од претходните години, иако во некои моменти никој не би претпоставил!
Поради пандемијата оваа година, сè беше поинаку, од преносот во живо, па сè до заштитните маски што не се носеа пред камерите, но присутните мораа да ги стават на лицето истата секунда кога ќе се наместат!
Сепак, холивудските sвезди ги покажаа своите модни креации пред доделувањето на најпрестижната филмска награда.
Најмногу симпатии доби филмот „Земја на номадите“, кој триумфираше како најдобар филм во категоријата драма, за најдобра режисер е прогласена Клои Жао, а за најдобра актерка беше наградена, Франсис Мекдорманд. Ова е нејзин трет Оскар за најдобра актерка!
При приемот на наградата, наместо да зборува, завиваше како волк, што го стори во чест на Михаел Волф Шнајдер, миксер на звук за филмот „Земја на номадите“, кој се самоуби на 35-годишна возраст.
Добитник на наградата за најдобар странски филм е данскиот филм „Уште еден круг“. Режисерот Томас Винтерберг ја посвети наградата на неговата трагично почината ќерка.
83-годишниот Ентони Хопкинс го освои Оскарот за најдобар актер во семејната драма „Татко“, што го прави најстариот добитник на оваа награда.
Корејската актерка Ју Јунг Џон го понесе Оскарот за најдобра споредна актерка во филмот „Минари“. Нејзината победа ја објави Бред Пит, со кого се пошегува: „Господине Бред Пит, конечно. Мило ми е што ве запознав. Каде бевте додека го правевме филмот?“.
Имено, Пит беше продуцент на филмот „Минари“, но една од главните актерки не го видела на снимањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.