Дали со ПЦР тест или вакцина ќе се оди и на свадби?

Дали ова лето ќе има свадби и други прослави и под какви протоколи? Втора година по ред угостителите и младоженците се во неизвесност. Во останатите европски земји во игра се повеќе опции и веќе се тестираат масовни забави. Една од опциите која ја најавуваат српските здравствени власти е организирање на свадби но само ако гостите се вакцинирани или имаат негативен ПЦР тест. Србите најавија дека ако до крајот на јуни три милиони граѓани ја примат втората доза на вакцината, од јули може да се очекуваат првите свадбени веселби.
Во Хрватска пак во сабота ќе се организира пробна свадба по што ќе се одлучува кога целосно ќе се олабават мерките.
Угостителите во земјава пак велат дека кај нас оваа опција не е на маса, пред се поради малата бројка на вакцинирани. Сепак очекуваат дека свадби ќе има од следниот месец и тоа под строго утврдени протоколи. Последниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести која во петок треба да го донесе протоколот за работа на рестораните.
Сопствениците на ресторани за свадби, ноќни клубови и останати дејности во оваа индустрија досега неколку пати протестираа пред Владата. Во моментов протестите се ставени во мирување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.