Дали сте го пробале неверојатното ултимативно капучино од злато?

И додека Старбакс ја освојува Италија со своето специфично кафе, луксузната мека на Дубаи, Бурџ Ал Араб е еден чекор понапред.
Како што сигурно веќе претпоставувате, тие ни нудат кафе со злато. Ложата Sahn Eddar , која е сместена во внатрешноста на овој неверојатен хотел, нуди интересна понуда, наречена „Ultimate Gold Cappuccino“, кое е украсено со златни снегулки од 24 карти.
Ова луксузно капучино е направено од 100% Арабика зрна кафе и млечна пена, која е измешана со злато. Дизајн во облик на едро го комплетира ова капучино, кое е декорирано со уште поголема доза злато.


Кафето се сервира со Grand Cru Guanaja, чоколадно маршмелоу, кое добива сопствена доза злато. На крајот, не знаеме која е точата количина на злато која се користи за правење на ова капучино, но знаеме дека неговата цена е 23 долари.
Во првата прилика кога ќе одите во Дубаи, задолжително посетете го Бурџ Ал Араб и нарачајте „Ultimate Gold Cappuccino“. Сигурни сме дека ќе уживате!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.