Дали сте го пробале трикот со сол во машината за алишта? Сите се воодушевени од резултатите

Трикот со додавање сол во машината за перење може да помогне да се зачува бојата на темната облека.
Експертите тврдат дека перењето во топла вода, силните детергенти и сушењето може да придонесат за избледување на бојата.
Корисничката на TikTok, Мама Мила, откри дека половина чаша сол во барабанот на машината за перење помага да се задржат молекулите на бојата во ткаенината, спречувајќи ја да избледе.
Се препорачува да се пере во ладна вода и да се суши на воздух или да се користи нежен циклус во машината за сушење.
Освен сол, за да се зачува бојата на облеката, се препорачува и перење на облеката превртена одвнатре, користење благи детергенти и избегнување на пресушење.
Трикот на Мила стана вирален, а многумина тврдат дека им помогнал на нивната облека подолго да изгледа ново.

Пронајдете не на следниве мрежи: