Просечна или “вистинска бомба” помеѓу чаршафите? За да го дознаете одговорот на ова прашање, ќе ви откриеме шест јасни знаци кои покажуваат дека никој не може да ви го украде шоуто во креветот.
Цврсто ве држи со рацете
Ако партнерот за време на сексот цврсто ве држи за задникот, градите или некои други делови од телото, со тоа ви покажува дека му се допаѓа сексот. Честито – тоа е јасен знак дека сте одлична љубовница.
Сака “репете”
Не може да се засити и веднаш по сексот сака уште една рунда? Очигледно го имате “она нешто” што силно го возбудува.
Обожува да испробува нови пози
Вашиот партнер секогаш е во потрага по нови секс пози? Тоа не значи дека сте му здодевни – тоа значи дека се чувствува добро со вас и затоа сака да истражува нови светови во креветот. Исто така, тоа е јасен знак дека ве смета за авантурист во сексот, што е многу важно.
Флертува со вас по сексот
По сексот со партнерот добивате слатки пораки на телефонот? Се шегува и флертува со вас? Очигледно сте “завршиле” добра работа.
Не може да ги тргне рацете од вас
По сексот, вашиот партнер и неколку часа подоцна не може да ги тргне рацете од вас? Тоа не е чудно бидејќи очигледно за време на сексот сте му го “поматиле” умот и затоа не може да ве остави на мира.
И вие имате огромна желба за секс
Секако дека двајцата партнери треба да уживаат во сексот, но доколку и вие уживате во сексот со партнерот и никогаш не ви е доста, тоа е знак дека сте компатибилни во креветот.