Дали сте знаеле дека слушалките можат да ја оштетат вашата коса?

На здравјето и изгледот на косата, влијаат многу фактори.
Освен што е важно кои препарати ги користите и колку често ја третирате со загреани апарати за стилизирање на коса, постојат и разни секојдневни фактори, кои можат да влијаат на нејзиниот квалитет.
Како што пренесува „Seventeen“, големите слушалки за уши, можат значајно да влијаат на оштетување на косата.


Имено, предимензионалните слушалки за уши, создаваат триење, кое се случува кога одите, бидејќи слушалките со секој чекор ја притискаат вашата глава и коса, која поради тоа се крши и станува сува, истакнува познатиот фризер, Кастило.
За тоа да не се случува, Кастило советува, пред да ги ставите слушалките, добро исчешлајте ја косата и врзете ја во што е можно поцврст реп, за слушалките да имаат најмало влијание на неа. Сепак, како идеално решение, Кастило препорачува мали слушалки, кои се ставаат во ушите, па така ќе можете намира да слушате музика, без да размислувате за косата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.