Дали сте знаеле: Зошто авионите се фарбаат со бела боја?

Сигурно сте забележале дека повеќето патнички авиони се со бела боја и причините за тоа се прилично едноставни и логични.
Авионите се фарбаат со бела или која било друга светла боја за да ги одбиваат сончевите зраци, односно, за да не се прегрева леталото и да се избегне преголемо зрачење. Експертите велат дека белата боја на авионот треба да ја гледаме како крем со заштитен фактор од сонце за авионот.
Исто така, имајќи предвид дека за еден авион се потребни 250 литри боја, а белата е најевтина, сами направете ја математиката на една просечна авиокомпанија.
Третата причина исто така има врска со економичноста. Другите бои побрзо оксидираат од белата, а секое фарбање ќе биде поголем трошок за авиокомпанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.