Дали сте опседнати со здрава исхрана? Сте слушнале ли за „орторексија?“

Желбата за здрава храна која вклучува сурова и непреработена храна лесно може да се претвори во нарушување на исхраната кое повлекува сериозни симптоми кои го нарушуваат здравјето.
Станува збор за орторексија, термин измислен во 1997 година од страна на д-р Стивен Братман. Орторексијата може да се смести во групата на опсесивно-компулсивни нарушувања.
Личноста е опседната со принципите на т.н. „чиста“ здрава исхрана и по секоја цена се обидува да ја избегне преработената и контаминираната храна.
Науката бележи сè поголем број на луѓе со ова нарушување. Но орторексијата сè уште официјално не е медицински класифицирана, па поради тоа не се смета за официјално нарушување на исхраната, како булимијата и анорексијата.


Ваквиот тип на нарушување, односно орторексијата се јавува кај личности кои доколку не се придржуваат на строгите правила на здравата исхрана не се чувствуваат добро и имаат ниско ниво на самодоверба. Изворот кој „паѓа“ на исклучиво здрава т.е. „чиста“ храна е резултат на страв кој полека прераснува во опсесија.
Имате чувство дека доколку каснете коцка чоколадо или пак едно пржено компирче светот околу вас ќе се сруши, а вие сте најголемото разочарување кое живее во него.
Кои се осумте симптоми на орторексијата?
1. Целосна обземеност и опсесија со здрава исхрана.
2. Исфрлање на намирници и цели групи на храна под претпоставката дека се штетни по здравјето или предизвикуваат алергии, без потврда од доктор.
3. Прекумерно консумирање на суплементи и додатоци во исхраната.
4. Ниска телесна тежина (а сепак личноста се доживува себеси како дебела).
5. Опсесивно вежбање.
6. Ирационален однос кон подготовката на храна и опседнатоста со чистотата и хигиената на производите.
7. Фокусирање само на продукти кои личноста верува дека се здрави и природни.
8. Опсесија за меѓусебната врска помеѓу храната и здравствените проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.