Дали сте слушнале за торта против депресија? Овој рецепт е создаден за време на Големата економска криза, односно Големата депресија, и е направен на многу едноставен начин.
Оваа торта е позната како „торта за депресија“ бидејќи потекнува од време кога состојките како јајца и млеко биле луксуз, но сепак е вкусна и лесна. За да ја направите, ќе ви треба:
200 грама брашно
200 грама шеќер
Една лажичка сода бикарбона
Малку сол
Една лажица оцет
Една лажичка екстракт од ванила (или ванилин шеќер)
Пет лажици масло
250 милилитри вода
Подготовка
Во сад измешајте го брашното, шеќерот, содата бикарбона и солта. Додадете го оцетот, ванилата и маслото. На крај, додадете ја водата и сè добро измешајте. Истурете ја смесата во намастен плех или калап.
Печете на 180 степени Целзиусови околу 30-35 минути. По желба, додадете малку шлаг, парче овошје или наросете со шеќер во прав.
The post Дали сте слушнале за торта против депресија? И покрај нејзиното тажно име, таа е многу вкусна appeared first on Во Центар.



