петок, 27 ноември 2026
Најново

Дали сте слушнале за ФЛЕКСИТАРИЈАНСКАТА ДИЕТА? Со помалку месо, помалу килограми!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Првите сериозни сончеви зраци веќе укажуваат на пролет некаде во воздухот, што значи дека е време да се оди на некоја од диетите и со тоа да се ослободиме од „зимскиот вишок“. 

Според US News and World Report, кој објавува список на најдобри диети на почетокот на секоја година, медитеранската е трето лето по ред на престижниот врв, проследено со DASH и флекситаријанската, што, поточно , го делат второто место. 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Денес ќе ѝ се посветиме на третата, чие име доаѓа од кованица на флексибилна и вегетаријанска, и е како создадена за оние кои би сакале да преминат на вегетаријанска диета, но не можат целосно да се откажат од бифтек и хамбургери.

Начин на живот


Диетата е создадена пред повеќе од една деценија, а ја промовираше нутриционистката Даун Џексон Блатнер во 2009 година во нејзината книга „Флекситаријанска диета: претежно вегетаријански начин да изгубите тежина, да бидете поздрави, да спречите болести и да додадете година на живот“. 

Даун беше вегетаријанка повеќе од 15 години, а во ретки прилики јадеше месо, по што се чувствуваше виновна. Затоа, таа смисли флексибилно вегетаријанство, кое го комбинира најдоброто од двата света на растителна и месна храна.

Ако јадете повеќе растенија и помалку месо, вие не само што ќе изгубите тежина, туку и ќе го подобрите вашето општо здравје, вели Даун, а истражувањата го потврдуваат тоа. Вегетаријанците претежно консумираат повеќе овошје и зеленчук, кои имаат малку калории и многу растителни влакна – двете главни компоненти за слабеење. Покрај тоа, тие имаат помала стапка на срцеви заболувања, дијабетес и рак, и како резултат живеат подолго.

Она што ќе одговара на сите е што тука нема премногу жртви и радикални промени. Јадете вегетаријанска храна колку што можете повеќе, и месо само кога тоа го бара вашето тело. На пример, можете да започнете со два дена без месо во неделата и да завршите со пет, што ја прави оваа диета повеќе начин на живот, а помалку еднократна диета.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНА 2: ⬇⬇⬇

Поврзани вести