Дали сте љубители на белото чоколадо? После овој текст ќе се предомислите!

Повеќето луѓе знаат дека постојат 3 главни типови чоколадо: бело, млечно и темно. Освен тоа, најголемиот дел од луѓето знаат кое чоколадо им е омилено. И темното и светлото чоколадо имаат свои фанови, но што е всушност белото чоколадо?
Единственото нешто што ги поврзува вистинското и белото чоколадо е формата и вкусот, бидејќи белото чоколадо не содржи ни грам какао. Состојките на белото чоколадо не се воопшто здрави, бидејќи станува збор за штетни билни отрови, вештачки ароми и шеќери во големо количество. Неговата хранлива вредност е еднаква на нула.


Попрецизно, белото чоколадо содржи путер од какао, шеќер и остатоци од млеко. Белото чоколадо мора да содржи најмалку 14% млечни остатоци, меѓу кои 3,5% млечни маснотии и не повеќе од 55% шеќер и други засладувачи.
Па, дали белото чоколадо е вистинско чоколадо? Одговорот е не, бидејќи не ги содржи двете главни состојки, а тоа се чоколаден ликер и какао што се неизоставен дел од сите видови вистинско чоколадо.
Секако дека ни црното чоколадо не е најздравиот избор ако се претера, ама дефинитивно треба да го одбегнувате белото чоколадо. Освен тоа, овој тип чоколадо може да ви направи проблеми со дигестивниот систем.
Нареден пат кога ќе го избирате вашиот десерт, направете паметен избор!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.