Дали страдате од чести болки во вратот и рамената? Оваа кратка вежба ќе ви помогне

Вкочанетите раменици, болките во вратот и горниот дел од грбот се дел од секојдневниот живот за многумина. Лошото држење на телото, работните места што ве заковаат на стол и со часови гледате во екранот, придонесуваат за овие секојдневни болки.
Ако сте запознаени со горенаведените проблеми, добрата вест е дека има решение за тоа. Тоа доаѓа во форма на кратко утринско истегнување, и ако мислевте дека истегнувањето е потребно само пред и после тренинг, мора да ви кажеме дека не сте биле во право. Освен превенција од повреди и обновување на мускулите, методите на истегнување се исто така важни за физиотерапевтски и корективни цели. Подолу ви донесуваме 4-минутна вежба за истегнување која ќе ви помогне при болка во вратот, рамената и горниот дел од грбот.


Вежба за истегнување на горниот дел од грбот:
1. Застанете исправени и споени стапала. Потпрете ја целата тежина на стапалата, нежно повлечете го грбот и исправете ги рамената.
2. Турнете го десното рамо свртувајќи ја дланката на десната рака надолу, туркајќи го како да се обидувате да туркате нешто во земјата, притоа кревајќи ги прстите од истата рака нагоре. Значи, вашата дланка мора да биде свртена кон земјата и со остатокот од вашата рака да направите агол од 90 степени.
3.Ќе ја свртите главата и ќе погледнете налево со челото и брадата дијагонално нагоре. Ќе бидете во таа позиција една минута.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.