Дали треба да вежбате пред или после појадокот?

Најново истражување покажа дека со вежбање пред појадокот се согоруваат повеќе калории.
Во истражувањето на доктор Хавиер Гонзалес, професор на Катедрата за здравје на Универзитетот во Бат, учествувале 30 мажи кои имале вишок килограми.Оние испитаници кои вежбале пред појадокот согорувале повеќе двојно повеќе калории и масти во споредба со оние кои појадувале, па оделе на вежбање.
Телото прво ги согорува јаглехидратите, па откако ќе ги потроши преминува на согорување на мастите.
Вежбањето пред јадењето на првиот оброк придонесува мускулите да реагираат на инсулинот кој го контролира нивото на шеќер во крвта и на тој начин го намалува ризикот од дијабетес и болести на срцето.
Што да (не) јадете?
Сепак, имајќи предвид дека претходни истражувања покажале дека е подобро прво да појадувате, па да вежбате, имаме совет и за тоа.

Ако се чувствувате подобро ако каснете нешто пред вежбање, тоа нека биде храна богата со протеини, а не јаглехидрати. Ако ви требаат шеќери, тоа нека биде во форма на фруктоза и не заборавајте да внесете доволно течности додека вежбате.
Храна што не е препорачливо да се јаде на празен желудник: храна која содржи квасец, јогурт и други ферментирани млечни производи, круши, домати, свежи краставици и друг зелен зеленчук, како и банани и цитрусно овошје.
Храна што може да ја јадете на празен желудник: овесна каша, хељда, палента, пченични никулци, јајца, лубеница, боровинки, леб од цели зрна без квасец, јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми) и мед.
Предлог за утрински тренинг – вежбајте 10 минути со Памела Рајф

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.