Дали унгарските пари ќе удираат темели и на трговски центри?

Премиерот Мицкоски тврди – процесот за пласман на унгарските пари кај фирмите е во завршна фаза, банките пак се уште немаат добиено ништо на писмено. Од банкарскиот сектор за Телма брифираат дека оние кои ќе учествуваат во процесот се уште не ги потпишале договорите во кои треба да бидат наведени услови за да можат да одобруваат кредити по поднесени проектни барања од фирмите. Мицкоски пак е оптимист – по празниците очекува дел од средствата да завршат кај компаниите. Но, дали парите од Унгарија ќе можат да се користат за инвестиции и во трговски центри? До сега се знаеше дека кредитната линија ќе биде наменета за финансирање на дејноста производство, односно за инвестиции во опрема, машини, погони, фабрики, но Мицкоски денеска на поставувањето на камен темелник на трговски центар во Гевгелија, соопшти дека ќе може да се користат и за такви инвестиции.

Очекувам после новогодишните празници, иако дел од банките и сега веќе ги промовираат но веќе да почнат и активно да пренесуваат и дел од средствата до компаниите кои ќе ги користат. За ваков тип на инвестиции можат да се користат тие средства, нормално до границата која што ја споменавме до 10 милиони евра, изјави премиерот Христијан Мицкоски
Мицкоски конкретно не одговори дали ако останат пари од унгарскиот кредит наменет за стопанството ќе им се дадат на ЕСМ за да не се задолжуваат со повисока камата, ако имаат потреба од тоа. Но, смета дека во 2026 компанијата ќе нема минус во касата.

Дали ќе се исцрпат не знам сакам да има многу бизнис идеи но тоа не зависи од владата. Начинот и земањето ан кредитите имаат друга цел и друга намена. Но тоа ќе го оставиме да биде бизнис политика и логика на работењето ан оваа влада да не ги оптоваруваме граѓаните наша цел е тоа да биде предвреме исплатено да немаме големи трансфери со повисоки камати, додава Мицкоски
За парите од Унгарија за фирмите, Мицкоски неколку пати повтори дека е постигнат историски договор со банките. Оние кои ќе земат од овие средства ќе треба да платат т.н камата од 1, 95, односно тоа е надоместок за покривање на кредитниот ризик на банкарите.

Каматата од 3, 25 отсто која постојано се споменуваше повеќе не важи. Таа ќе се враќа со пари од буџетот кој го полнат и граѓаните. Мицкоски кажа дека на ова се согласиле поголеми и помали банки, но се уште нема информација кој се тие.

Извор: Телма

Пронајдете не на следниве мрежи: