Дали чиа семето помага во губитокот на килограми?

Освен тоа, чиа семето се додава и во смути и сè почесто се смета за здрава намирница и има добра причина за тоа. Содржат 4 г протеини и омега 3 масни киселини, 11 г растителни влакна при што ќе ви помогнат да се чувствувате сити и да ослабете.
Постојат докази за тоа дека чиа семето помага при слабеење. При едно истражување, луѓе со прекумерна телесна тежина консумирале 35 г чиа брашно на ден. Тие ослабеле, ја намалиле количината на лош холестерол, а го зголемиле нивото на добриот.
Чиа семето се истакнува бидејќи содржи многу витамини и минерали: има повеќе калиум отколку банана, повеќе калциум од кравјо млеко, повеќе железо од спанаќ, повеќе омега-3 од лосос, а содржи и фосфор, цинк, магнезиум, и витамини од Б групата.
Зголемениот внес на растителни влакна исто така може да помогне во процесот на слабеење.
Со оглед на тоа дека е богато со антиоксиданти помагаат во превенција на многу болести. Калциумот го чува здравјето на забите и коските.
Сепак, ниту една храна не е чудотворна и не може да ви ги реши здравствените проблеми доколку не сте физички активни и ако не вежбате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.